Суплементи

Билка со најголем бенефит за човековото тело - Факти за канабидиолот

CBD (канабидиол) е фитоканабиноид кој што е доста застапен во индустрискиот канабис. CBD е еден од 100 те различни видови на канабиноиди, кои се содржани во конопот. Се карактеризира со многу позитивни влијанија врз здравјето на човекот, нешто што и понатаму многу се истражува во медицински цели. Од медицинска гледна точка CBD е најпотенцијален масовно употребуван канабиноид во медицинската пракса.

Our Mind | 25-Nov-2021

Билка со најголем бенефит за човековото тело - Факти за канабидиолот

Сѐ поголемиот технолошки развој води кон поголема достапност до информациите, особено на интернет, што од една страна е добро заради едукативниот ефект, но од друга страна често може да нѐ доведе до погрешни заклучоци за проблемот кој го пребаруваме. 

Влијанието на природата врз луѓето е позната од секогаш, а пронаоѓањето начин за искористување на нејзините лековити моќи е позната уште во исконски времиња.  Полезни ефекти од употребата на растителните напивки, во форма на чаеви, се добро познати и во минатото и денес.

Сѐ почесто бараме органски или природни производи, кои се дар од природата. Ова можеби е поттикнато и од новиот тренд кој се фокусира на здраво живеење и сѐ поголемата свест кај луѓето за долгорочните бенефити од употребата на природни растителни продукти, кои придонесуваат до долговечен и здрав живот. Па оттука се појавува и зголемената побарувачка на овие производи. 

Во поново време современата фармација постојано открива и докажува позитивни влијанија на екстрактите од растенијата врз човечкиот организам и тоа го имплементира во крајните продукти што ги пласира на пазарот. 



Како што веќе знаеме голем дел од растенијата биле употребувани за лекување уште од праисториски времиња, но со брзиот технолошки развој во последните векови биле сменети и  внесени нови хемиски замени. 

Како и за сите предходни откритија, кои научниците ги доживуваат како „еурека момент” во нивните крајни сознанија од истражувањата, така се пласираат најнови информации и за екстрактот од коноп, а реално неговата употреба била присутна уште од праисториско време. 


ИСТОРИСКИ ФАКТИ 

Постојат податоци дека Египќаните уште пред 3000-4000 години имале плантажи за  одгледување на коноп, а познатиот духовен учител Зороастер, од Персија, пред 2700 години го има опишано во својата тајна книга, каде има пишувано за 10 000 растенија, меѓу кои значајно место завзема и конопот. 

Хипократ, таткото на медицината исто така ја препорачува употребата на екстрактите од коноп за лекување на одредени заболувања. 

Подоцна, лекарот на кралицата Викторија, еден од водечките доктори во таа ера, Расел Рејнолдс, ѝ препишувал медицински канабис за менструални тегоби на кралицата, за што CBD (канабидиол) сеуште фантастично делува. 

Потоа, постои период кој што би го нарекле мртов период за примената на екстрактите од коноп во медицински цели, особено заради тоа што во овој период се забранува одгледување на ова растение. Во поголем дел од објаснувањата не е разграничено дали екстрактите имаат психотропно и халуциногено дејство, па се отргнува можноста за неговата примена. Најголема примена во тој период наоѓа како можност за подготовка на средства, наменети за уживање, а истите, секако, биле законски забранети. 

Но, во последно време повторно се става акцент на бенефитите од екстрактите од коноп. Почнуваат да се разбиваат табуата за конопот и сѐ повеќе истражувања укажуваат на фактот дека постојат изолирани негови екстракти кои наоѓаат примена во медицински цели. Tаков екстракт е CBD (канабидиол). 




КАКО СЕ ДОБИВА КАНАБИДИОЛ ОД КОНОП?

Екстракција или издвојувањето на маслото може се изведе со користење на повеќе растворувачи кои ќе обезбедат добивање на неконтаминирано и 100% чисто масло.  Еден од методите за добивање на маслото е со Јаглероден Диоксид под притисок и на ниска  температура. На овој начин се изолираат и заштитуваат канабиноидите од дополнителни  оштетувања. Единствена негативна страна на овој тип на екстракција е што е бавна и скапа процедура. Ова е екстракт кој што е изолиран од цветот, листовите и семето на растението коноп. При тоа се добива чист CBD екстракт. Поточно, чистиот екстракт содржи незначителна количина примеси од THC, кој што е и главната причина за лошиот глас на целото растение. THC екстрактот од канабис е причина за психотропниот ефект на канабисот  и заради тоа е забранет за секојдневна употреба. THC има психоактивно дејство и доколку неговата концентрација е над 0.3 се смета за недозволена концентрација и тогаш е забранет за употреба.


ЗОШТО Е ВАЖНО ДА БИДЕ ОДГЛЕДАН ВО ОРГАНСКИ УСЛОВИ?

Важно е заради тоа што при екстракција може да се контаминира маслото со токсини, како на пример тешки метали кои се наоѓаат во самото растение, а се присутни како резултат на загадување на почвата. 


ШТО Е КАНАБИДИОЛ?

CBD (канабидиол) е фитоканабиноид кој што е доста застапен во индустрискиот канабис. CBD е еден од 100 те различни видови на канабиноиди, кои се содржани во конопот. Се карактеризира со многу позитивни влијанија врз здравјето на човекот, нешто што и понатаму многу се истражува во медицински цели. Од медицинска гледна точка CBD е најпотенцијален масовно употребуван канабиноид во медицинската пракса. 

Но, сеуште се поставуваат прашања дали CBD е безбеден за употреба и дали предизвикува зависност? 

Најбитно е да се знае дека CBD е канабиноид кој што не предизвикува било каква зависност, како и тоа дека е потполно безбеден за употреба, односно не постојат докази дека предизвикува зависност, бидејќи не се врзува за ниеден од рецепторите во мозокот кои што предизвикуваат зависност. 

Од друга страна пак, сѐ повеќе се зборува за негативните ефекти на анагетиците и нестероидните антиинфламатоци, а канабидиолот е добра замена за третирање на хроничната болка. 

Освен за оваа намена CBD наоѓа примена и за голем број на состојби во организмот, па во поново време конопот се смета за билка со најголем бенефит за човековото тело. Постојат и веќе научни докази кои го потврдуваат позитивниот ефект на CBD во дадените заболувања. Пред сѐ и најпознато е дека има антитуморно дејство, кое се должи на неговата активност врз клетките познати како неуробласти (NBL). 



Повеќе за ефектите на канабидиол во колумната - Канабидиол за намалување на анксиозност, стрес и подобар сон.


Автор:

Подготвил за Our Mind :

Маја Иванова Цеков



;

Можеби ќе те интересира

payment-methods