Психологија

Денес е Меѓународен Ден на толеранцијата 

Да се биде толерантен значи да бидеш свесен за различностите во однос на нас самите и прифаќање и уважување на идеите на другите, ставовите и начините на живеење.   Во општествоство во кое живееме, учиме да ги разбереме различностите и да ги прифатиме како нормални и посакувани, затоа што тоа е елементарен доказ на добро воспитување. 

Виолета Георгиевска | 16-Nov-2022

Денес е Меѓународен Ден на толеранцијата 

Мултикултуризмот е белег на нашата држава. Тој е заснован на големо културно наследство, спој на различни културни традиции низ историјата - средновековни манастири, цркви, џамии од една страна и зачуваните традиции на луѓето кој живеат тука преку обележја на нивната култура, облека, семејно наследство и наследени животни вредности и норми, од друга страна.

Денес во Р. С. Македонија живеат различни луѓе, тие имаат различни ставови, определби и идентитет. Прифаќање и разбирање на различностите е темел на квалитетната комуникација и живот во општествената заедница. Потребно да ги почитуваме разноликостите во традициите на другите, да ги почитуваме културните корени и историјата на секој поединец во општеството. Богатството на живеењето се наоѓа во таа различност.

Суштински елемент за разбирање на соживотот е довербата и меѓусебното познавање. Разбирањето на другиот, решавање на предизвиците и несогласувањата по мирен пат со разговор ја претставува денешната етика и морал.  Доколку се гледаме едни со други со очи на доверба, ќе растеме и ќе се развиваме со позитивен став кон другите. 

Кон себе и кон другите потребно е да имаме ОК став- јас сум ОК, ти си Ок, тој и таа се ОК -  со таков став можеме да одиме напред и да се чувствуваме добро во општеството. 

Никој не се раѓа како толерантен или нетолерантен. Она што е охрабрувачки е дека толеранцијата се учи!

Толеранцијата се учи најчесто по модел, гледајќи некој друг кој има развиено толерантни облици на однесување, па затоа е важно уште од најрана возраст да се биде добар пример на детето.  Прв учител на толеранцијата е семејството. Детето учи од своите родители и учи од својата околина. Кога детето ќе тргне во училиште, важно е да се развива и поттикнува да ги почитува другите. Тоа се постигнува со пријателска атмосфера во одделението или класот, што е одговорност на наставниците. Важно е да учениците бидат вклучени во програми усмерени кон прифаќање на различностите и взаемно дружење. Корисно е на учениците на наједноставeн начин да им се појасни поимот на различностите. На пример,  ако е некој различен од другиот по боја на коса или слично, дали тоа значи дека е поубав од другиот?

Децата е потребно да ја прифатат различноста како вредност, за да подоцна можат да ги уважат и другите луѓе.

Секоја структура на општеството потребно да се вклучи во воспитувањето околу толеранцијата. Она што е прв предуслов за учење на толеранцијата е емпатијата,  способност за разбирање на чувствата на другиот, ситуацијата или проблемот. Кон развојот на толеранцијата покрај емпатијата допринесуваат и моралните вредности, разликувањето на доброто од лошото, познавањето на темелите на човековите права и сличности кои постојат помеѓу луѓето.  

Толерантно однесување се искажува на разни начини. Толеранција се искажува со љубезен тон на гласот, насмевка, пофалба и искажување на интерес. 

Познавањето на нечија култура, вредности и навики го поспешува толерантното однесување.

Толерантните луѓе имаат свои уверувања, изградена свест за сопствените вредности, но истовремено имаат и способност да вистински го прифатат и го почитуваат другиот, иако другиот има различни животни, културни и религиозни вредности.

Уважување на соговорникот и прифаќање на различностите во мислењето претставува одраз на толеранцијата. 

Толеранцијата е најголемото цивилизациско достигнување!

;

Можеби ќе те интересира

payment-methods