Личен раст и развој

Карактеристики на емоционалната интелигенција

Кои карактеристики ја сочинуваат емоционалната интелигенција..?

Надица Јосифоска Јанкоска | 12-Oct-2022

Карактеристики на емоционалната интелигенција

Емоционалната интелигенција е способност да ги препознаете вашите емоции, да разберете што ви кажуваат и да сфатите како вашите емоции влијаат на луѓето околу вас. Луѓето со висока е.и. се карактеризираат со некои одлики кој можат да се забележат кај повеќето и тоа:

Самосвест – Луѓето со висока емоционална интелигенција обично се многу самосвесни. Тие ги разбираат нивните емоции самоуверени се - затоа што не дозволуваат нивните емоции да излезат од контрола.
Тие исто така се подготвени искрено да се погледнат себеси. Тие ги знаат своите силни и слаби страни и работат на овие области за да можат подобро да се претстават. 
Саморегулација - Ова е способност да се контролираат емоциите и импулсите. Луѓето кои се саморегулираат обично не дозволуваат да станат премногу лути или љубоморни и не носат импулсивни, невнимателни одлуки. Размислуваат пред да дејствуваат. Карактеристиките на саморегулирањето се промисленост, прилагодливост, интегритет и способност да се каже не.
Мотивација – Луѓето со висок степен на емоционална интелигенција обично се мотивирани. Тие се подготвени да ги одложат моменталните резултати за долгорочен успех. Тие се високо продуктивни, сакаат предизвик и се многу ефикасни во што и да прават.
Емпатијата - ова е можеби вториот најважен елемент на емоционалната интелигенција. Емпатијата е способност да се идентификувате и да ги разберете желбите, потребите и гледиштата на оние околу вас. Луѓето со емпатија се добри во препознавањето на чувствата на другите, дури и кога тие чувства можеби не се очигледни. Како резултат на тоа, емпатичните луѓе обично се одлични во управувањето со односите, слушањето и односот со другите.
Социјални вештини –  Умеат лесно да се вклопат во опкружувањето и да им се допаднат на луѓето, можат да бидат тимски играчи, добро ги управуваат споровите, исто така се одликуваат со одлични комуникациски вештини  и се вешти во градењето и одржувањето на односите.

Емоционалната интелигенција е збир на вештини и однесувања кои можат да се научат и развиваат. 


Доколку забележувате некои од овие карактеристики кај себе можеби би требало повеќе да поработите на емоционалната интелигенција:


- Не ви е пријатно да сте асертивни (способност искрено да се споделува своето мислење и да се зазема став за своите права и себе со кажување „нe“)
- Лесно се нервирате
- Преплашени сте од емоции
- Често се чувствувате погрешно разбрани


Развивањето на емоционалната интелигенција е процес кој е различен од личност до личност.
Она на што емоционалната интелигенција може да влијае е на постигнувањата на училиште или работа, на менталното и физичкото здравје, социјалните контакти и друго. 


Работете на себе, поконкретно на горе наведените карактеристики кои се одлика на висока емоционална интелигенција доколку сакате да ја развивате и подобрите.

 

Автор: Надица Јосифоска Јанкоска 

;

Можеби ќе те интересира

payment-methods