Детска Психологија

Начини како да им помогнете на децата да управуваат со лутината

Емоциите се неизоставен дел од нашето секојдневието. Тие се тука со нас од самиот почеток, како кога детето вика и вреска во маркет затоа што сака одредена играчка или кога паѓа на игралиштето и почнува да плаче. Како што се движиме низ развојните животни фази доживуваме повеќе емоции, учиме како да ги канализираме нашите чувства и да реагираме на соодветен начин.

Рената Максимова | 05-Oct-2022

Начини како да им помогнете на децата да управуваат со лутината

Грижата за децата е предизвик, особено кога децата сè уште учат за нивните емоции.

Лутината е ,,сигнална,,  емоција. Обично мобилизира одговор на опасност, но исто така е форма на самоизразување, а понекогаш и начин на детско прогласување независност. Многу работи можат да предизвикаат гнев и лутина кај детето, а понекогаш резултатот е агресија.  

Малите деца имаат многу за што да се лутат.  Не им е дозволено да прават се што сакаат. Тие не успеваат во многу работи што ги пробуваат. Повозрасните луѓе им кажуваат што да прават.

 Децата од три до пет години ја перципираат опасноста дури и кога таа не е присутна или претерано реагираат на неа. Тие бараат заштита со одење во офанзива. Во оваа фаза, импулсите тешко се контролираат, а способноста да се запре, да се слуша другата страна и да се бара заедничка основа за преговарање и компромис е сведена на  минимум.

Како да им помогнете на децата да управуваат со гневот и лутината, да се смират и да го   саморегулираат однесувањето?

Знаци дека детето може да има проблеми со лутината

Викање, Борба, Удирање, Бесни напади, Гризење

Звучи познато?

Тие се типично однесување на децата кои брзо се лутат. Но, не заборавајте дека  лутината не секогаш се прикажува како излив - некои деца ги задржуваат своите интензивни чувства внатре. Неоткриената лутина и затворените фрустрации може да доведат до анксиозност, па дури и до депресија.

 

Прв чекор за да му помогнете на вашето дете е да ги препознаете знаците дека  детето може да има проблеми со лутината:

- Чести лути испади, дури и поради ситни прашања

- Не може да ги објасни чувствата кога е вознемирено

- Проблеми со смирување кога е фрустрирано или вознемирено дури и до степен на хипервентилација

- Прибегнува кон употреба на физичка агресија како што се удирање, тепачка, клоцање, викање, плукање, пцовки, бес

- Се чини дека не се грижи за чувствата на животните или луѓето

- Не ја прифаќа одговорноста за својата агресија, ги обвинува другите

- Потребни се потсетници, убедување или укор за да го контролира однесувањето

- Дејствува без размислување

- Се однесува непромислено

- Зборува, пишува или црта слики за насилството

- Агресивно делување кон другите

 

Се разбира, секое од овие однесувања  може да значи нешто друго. Затоа претпазливо внимавајте на однесувањето.  Исто така, можеби ќе сакате да го означите времето и местото кога се појавува. Лутината генерално е ситуациска: се случува повеќе во одредени периоди, со одредени луѓе или во врска со одредени прашања.

Што е најважно: ако сакате вашето дете посоодветно да се справи со лутинта, тогаш мора да научи заменски однесувања за да ја ослободи таа затворена енергија и да ги замени сегашните нездрави стратегии.

Суштината е да го пронајдете она што најдобро функционира за вашето дете за да може да научи како да ја преземе контролата над својот темперамент и да го користи истиот совет секој пат додека не му стане навика.  За тоа ќе биде потребно вежбање, вежбање, вежбање.

Секое дете е различно, па затоа е најдобро да се користи пристапот на обиди и грешки: научете стратегија и потоа гледајте како вашето дете реагира. Ако се чини дека стратегијата за вашето дете дава поволни резултати, тогаш фокусирајте се на таа техника со тоа што ќе ја практикувате повторно и повторно додека вашето дете  може да ја користи само. Тоа може да потрае некое време, но сето тоа е за да му помогнете на вашето дете да промени навика.

 

Начини да им помогнете на децата да се справат со интензивните непријатни чувства на поздрави начини

1. Развивајте вокабулар за чувства

Многу деца покажуваат агресија како што се клоцање, врескање, удирање, гризење затоа што едноставно не знаат како да ги изразат своите фрустрации на друг начин. Ним им треба емотивен речник за да го изразат тоа како се чувствуваат, а вие можете да му помогнете на вашето дете да го развие. Еве неколку зборови за почеток: лут, вознемирен, фрустриран, бесен, исплашен, напнат, нервозен,  иритиран...  Штом вашето дете ќе научи зборови со емоции, охрабрете го да  разговара за нив.

2. Користете само-разговор

Научете го на едноставна, позитивна порака што вашето дете може да си ја каже во стресни ситуации. На пример: „Застани и смири се“, „Остани под контрола“, „Можам да се справам со ова“.

3. Празнење на лутината

Моделирање глина, удриње во перница, пукање во кошеви, удирање во вреќа за удирање, фрлање камења по ѕид (подалеку од луѓето)...

Помогнете му на вашето дете да го најде најефективниот начин да го смири своето темпераментно однесување и чувството на лутина, а потоа поттикнете го да ја користи техниката.  Внимание: повеќето истражувања откриваат дека оваа стратегија може да резултира со контраефект и да ја зголеми импулсивноста. Користете ја само ако забележите намалување на лутината кај  вашето дете.

4. Одете на мирно место

Побарајте од вашето дете да ви помогне да поставите место каде што може да оди за да стекне контрола. Понудете му неколку смирувачки работи - како што се книги, музика, пенкала и хартија на вашето дете и потоа охрабрете го да го користи местото за празнење од непријатната емоција.

5. Научете „1 + 3 + 10“

Објаснете ја формулата: „Штом почувствувате дека вашето тело ви испраќа предупредувачки знак кој вели дека ја губите контролата, направете три работи.

Прво, застанете и кажете: „Бидете мирни.“ Тоа е 1.

Сега земете три длабоки, бавни вдишувања од стомакот. Тоа е 3.

Конечно, избројте полека до десет во вашата глава. Тоа е 10.

Соберете ги сите заедно и имате 1 + 3 + 10, а тоа ќе ви помогне да се смирите и да ја вратите контролата“.

6. Замислете мирно место

На пример: плажата, неговиот кревет, дворот на дедото, куќа на дрво. Во моментот кога вашето дете ќе почувствува дека се појавуваат предупредувачките знаци на неговото тело, кажете му да ги затвори очите и да го замисли местото, додека полека дише. Фотографирањето на вистинското „мирно место“ или цртањето слика од него, а потоа врамувањето и ставањето покрај креветот на вашето дете може да биде одличен визуелен потсетник.

7. Цртање

Некои деца сметаат дека цртањето е релаксирачко. Ако ова е одлика на вашето дете, понудете му кошница со маркери, боички и подлога за скицирање  и цртање и охрабрете го да ја  претстави својота лутина.

8. Напиши!

Други деца откриваат дека пишувањето за нивната лутина може да биде ефективно. Ако ова е  својствено за  вашето дете, тогаш обезбедете му дневник и пенкало или хартија и молив и охрабрете го да оди на мирно место и да ги „опише своите чувства“. Некои деца претпочитаат да напишат писмо до личноста чие однесување ја предизвикало оваа емоција,  и да и го дадат. Но најдобро е да се  напише  кога е присутна вознемиреноста, а потоа да се  искине.

 

,,Смирувањето на  темперамент,, не само што може да се научи, туку е и суштинско за растење во понекогаш непредвидливиот свет. Освен тоа, елиминирањето на ова однесување ќе направи апсолутно чуда во создавањето не само дете  кое е многу попријатно да се биде, туку и помирно семејство. Ако сте доследни, ќе можете да му помогнете на вашето дете да научи поздрав начин да се справи со лутината и останатите интензивни, непријатни чувства. Затоа, не чекајте и не се откажувајте!

Запомнете дека е во ред да се биде лут

Треба да им помогнеме на нашите деца да разберат и да очекуваат дека ќе доживеат различни чувства додека минуваат низ животот, вклучувајќи ги и гневот и лутината.

Нормално е да се чувствувате лути на моменти.

Важно е што правите со тие чувства.

 

 

;

Можеби ќе те интересира

payment-methods