Без пардон

Ова не е ништо ново

Поривот по нови информации кои на некој начин ќе донесат нова вредност за нас е длабоко вграден во човековата природа, впрочем на тој начин и стигнавме до ова ниво на развој, но дали постои начин на кој можеме да се справиме со овој порив барем во онаа мера да не трпиме негативни последици? Дали ние ја контролираме технологијата или таа нѐ контролира нас?

Our Mind | 01-Jul-2022

Ова не е ништо ново

Технологијата стана составен дел од нас, дали се работи за паметен часовник, мобилен телефон или некој друг тип на уред кој има апсолутна контрола врз нашето внимание.. Tаа е тука, присутна.

Изобилство од информации допираат до нас преку бројни канали во секој момент.

Свесни дека трпиме штета, првенствено поради намалената способност да го задржиме вниманието повеќе од пола минута на теми кои дури се и од егзистенцијално значење за нас, се соочуваме со немоќ тоа да го промениме и едноставно продолжуваме во истиот ритам, надевајќи се дека сѐ ќе биде во ред.

Ништо од ова не е тајна.

Поривот по нови информации кои на некој начин ќе донесат нова вредност за нас е длабоко вграден во човековата природа, впрочем на тој начин и стигнавме до ова ниво на развој, но дали постои начин на кој можеме да се справиме со овој порив барем во онаа мера да не трпиме негативни последици?

 

Човековиот информационен систем се надградува преку повторување на сложени процеси. Тоа е механизмот преку кој учиме и меморираме.

 

Затоа денес, да повториме што може да направиме за да го задржиме капацитетот за неподелено внимание на подолго време на тема која претходно сме ја селектирале.

 

вежбање, ментално здравје

 

Физичка активност – иако на самиот почеток мислите сеуште ќе бидат на сите страни, подолгото практикување на одредена физичка активност ќе го натера мозокот да мисли само на следниот чекор, само на следното вдишување, комплетно ќе се фокусира на припрема на телото кон надминување на активноста.

Постење – внимателното изгладнување на организмот може да направи чуда за вашиот мозок, имено, познато е дека одредени типови на храна може различно да влијаат на активноста на мозокот, но комплетното отстранување на храната на одредени периоди го активираат системот за преживување, кој предизвикува зголемување на нивото на концентрација на подолги временски периоди.

Хоби – активноста која ја сакате и можете нон стоп да се занимавате со тоа. Не ве интересира колку е часот и дали сте за тоа платени. Уживате во креирање на нова вредност дали за себеси или за другите.

Многу едноставно, што не значи лесно.

Ова не е ништо ново, но убаво е да го повториме.

 

Автор: Виктор Петковски

;

Можеби ќе те интересира

payment-methods