Суплементи

Природни решенија за проблеми со простата

Појавата на бенигна хиперплазија на простата може да настане како резултат на хормонски промени поради стареењето. 50% од мажите над 50 години имаат ваков проблем, а над 90% од мажите над 80 години го имаат истиот проблем, кој понатаму може да предизвика проблеми со мокрење.

Our Mind | 21-Nov-2022

Природни решенија за проблеми со простата

Проблеми со простата покрај БХП може да предизвика и простатитис т.е воспаление на простатата која потоа може да биде причинител на инфекции на уринарниот тракт кај мажите, а во најлош случај доколку навремено не се третира проблемот со простата може да доведе и до појава на карцином. Симптоми кои може да ве наведат дека е можно да имате проблеми со простата се следниве: често мокрење, недоволна јачина на млазот, зголемено ноќно мокрење, чувство дека мочниот меур не е доволно испразнет итн.

Доколку не се промени животниот стил односно да се намали внесот на алкохол, газирани пијалоци, кафе, чај, зачинета храна,  и сето тоа да се замени со внес на повеќе вода, зелен зеленчук и домат кој е извор на ликопен и е моќен антиоксиданс може да се појават сериозни компликации. Ликопенот е особено важен бидејќи и самото ткиво на простата е богато со ликопен и негов недостаток може да доведе до појава на карцином на простатата.

 

 Покрај промената на животниот стил потребно е навремено да се третираат проблемите со простата со помош на препарати на природна основа. Како најчесто користено растение за третман на простата се споменува сабалната палма (назабена палма) која е извор на јаглени хидрати, олеинска палмитинска и стеаринска  киселина, стероиди итн. кој делуваат антиандрогено, антиестрогено и антивоспалително и помагаат за намалување на симптоми кај БХП од прв и втор степен. И со тоа ја намалуваат потребата за често дневно и ноќно мокрење и стимулираат проток на урината.

 Друго растение кое исто така често се споменува во литература а и помеѓу луѓето е коренот од коприва. Коренот од коприва делува антиинфламаторно и ја поттикнува диурезата и ефикасно помага при воспаление на простата и мочниот меур како и при тешко и болно мокрење.

Коренот од коприва ефективно помага за намалување на фреквенцијата на ноќно мокрење како и на намалување на заостаната урина во мочниот меур. Ова рестение се користело уште многу одамна и се работи за потполно безбедно растение кое не дава несакани ефекти и интеракции со други растенија/лекови. Во вакви случаеви внесување на витамини и минерали како цинк и селен покрај како антиоксиданси, можат значително да помогнат за превенција и третман на состојби поврзани со простата. За најдобри резултати се препорачува комбинација од растенија и витамини и минерали кој во синергија би придонеле за и подобрување на здравјето на простата. Вакви препарати пожелно е да се земаат и како превентива со што би се подобрил квалитетот на животот кај мажите.

Мр.Фарм Соња Пецевска

 

;

Можеби ќе те интересира

payment-methods