Суплементи

Природни суплементи за здрави коски

Здравиот начин на живеење во целина, а особено здравата и балансирана исхрана и редовна физичка активност се од клучна важност за изградба на здрави коски на помала возраст и одржување на здрава коскена маса со тек на годините. На коските им се потребни многу минерали во детската возраст, адолесценцијата и млади години за да се постигне максимална густина до триесет годишна возраст.

Our Mind | 17-Oct-2022

Природни суплементи за здрави коски

Во време кога сите зборуваме за суплементи, не може да не кажеме дека овие есенцијални микронутиенти се неизбежни за здравјето на целиот организам. Здравиот начин на живеење во целина, а особено здравата и балансирана исхрана и редовна физичка активност се од клучна важност за изградба на здрави коски на помала
возраст и одржување на здрава коскена маса со тек на годините. На коските им се потребни многу минерали во детската возраст, адолесценцијата и млади години за да се постигне максимална густина до триесет годишна возраст.

После оваа годишна граница, доколку не се постигне одредена густина на коските постои ризик од кршливост и други бројни заболувања на коските најчесто поврзани со физичка неактивност, недоволен внес
на природни суплементи, како и нарушен метаболизам на витамин Д и калциум. Доколку ова нарушување трае подолг временски период се манифестира како заболување најчесто застапено меѓу женската популација и повозрасните лица.


Остеопорозата е заболување на коските при кое настануваат нарушувања на метаболизмот на скелетот, густината и квалитетот на коските се намалени што резултира со слабост на скелетот и зголемен ризик фактор за скршеници на коските. Во составот на коските најголемиот дел се должи на белковината колаген на која потребната цврстина и ја дава калциумот. Загубата на коската е прогресивна и најчесто без предупредувачки симптоми и знаци. Затоа, грижата за здравјето на организмот и коските треба да започне од најрана возраст.

За жал, повеќето од нас не живеат во идеална, незагадена околина, не се хранат со балансирана домашно одгледана храна и не внесуваат доволна количина на овошје и зеленчук во тек на денот. Калциум е нутриент што е од примарна важност за здравјето на коскикте. Најдобар начин да се внесе калциум е во помали количества, повеќе пати во текот на денот со исхрана како што се семињата, риба, јаткасти плодови, млечни производи и друго. Препорачан внес на калциум се движи од 1000мг за возрасни до 1200мг за лица постари од педесет години.

Витаминот К има есенцијална улога за здравјето на коските и тоа го прави така што ја спречува загубата на калциум.

 

prevencija od osteoporoza


Витаминот Д е неопходен за организамот уште од најана возраст бидејќи помага во апсорпција на калциум и фосфор од исхраната, а со тоа обезбедува здравје и правилен раст и развој на коските и забите. Препорачана дневна доза на витаминот Д е од 400-800 ИЕ на ден.

Покрај калциумот витамин К и витамин Д за здравјето на коските се важни и други минерали како што се цинкот, магнезиумот, бакар, лизин и други. Магнезиумот го стимулира производството на хормонот калцитонин што помага да се пренесе калциумот од крвотокот во коските.Магнезиумот е исто така потребен за да го конвертира витаминот Д во неговата актвна форма, што всушност поддржува апсорпција на калциум. Ќе го најдете во листести зеленчуци, јаткасти плодови, семиња и житарки.

Покрај овие суплементи бројни научни истражувања покажале дека омега 3 масните киселини се доста важни во одржувањето на густината на коските. Меѓу другото не помалку важно е да се остане физички активен бидејќи коскената маса зависи од стресот на коските односно од тежината која ја држат.Природните суплементи за здрави коски се од клучна важност за одржување на нашето здравје во тек на целиот живот бидејќи коските се темел на целиот организам.


Изборот на суплементи за здрави коски е голем, затоа за правилен и здрав избор разговарајте со вашиот лекар или фармацевт и заедно изберете го најдоброто за вас и вашето здравје.


Мр.Фарм Александар Јордановски

;

Можеби ќе те интересира

payment-methods