Суплементи

Значењето на Омега 3 масни киселини кај депресија

Според одредени истражувања, се смета дека пациентите со депресивна состојба имаат дефицит на EPA или DHA. Направените студии пожуваат дека внесот на овие две Омега 3 масни киселини, може да ги подобри симптомите кои се јавуваат при истата состојба.

Our Mind | 13-Jan-2022

Значењето на Омега 3 масни киселини кај депресија

Омега 3 се многу значајни масни киселини за голем број на функции во  телото, за што се направени и голем број на студии. Овие студии го истражуваат влијанието на Омега 3 масните киселини врз здравјето на срцето, различни инфламаторни заболувања (воспаленија), како и менталното здравје. Па, така  повеќе од 10 години се истражува влијанието на омега 3 масните киселини кај депресивни состојби (депресивно раположение) и најголемиот дел покажуваат дека омега 3 масните киселини помагаат во овие состојби.  

Веќе е познато дека постојат три вида на Омега 3 масни киселини, а две од нив се  пронајдени во рибиното масло: EPA (Eicosapentaenoic acid) и DHA (Docosahexaenoic acid). Како такви можат да се внесат или преку храната (риба)  или преку додатоците на исхрана кои ги содржат.  

 

 

Според одредени истражувања, се смета дека пациентите со депресивна состојба имаат дефицит на EPA или DHA. Направените студии пожуваат дека внесот на овие две Омега 3 масни киселини, може да ги подобри симптомите кои се јавуваат при истите состојби. 

Меѓу другото, омега 3 масните киселини поминуваат низ клеточните мембрани во мозокот и реагираат со молекулите кои влијаат на расположението. Овозможуваат  поголема еластичност на мембраните преку кои се овозможува полесно  преминување на серотонин (хормон на среќата). Овој хормон е повеќе од потребен кај депресивно расположение. 

Понатаму, докажано е дека овие масни киселини имаат и антиинфламаторно дејство, што дополнително може да допринесе за олеснување  на симптомите кај депресивно расположение. 

Овие две омега 3 масни киселини се проучувани кај повеќе нарушувања, од  постпартална депресија (депресија по породување), биполарни нарашувања (со  манично – депресивни епизоди), шизофренија, опсесивно- компулсивни нарушувања,  состојби на дефицит од внимание итн. 

Дури се смета дека редовниот внес на DHA може да влијае и во намалување на бројот на суицидни мисли и однесувања. 

Често  наоѓаат примена и помагаат кај деца со ADHD (Attention deficit hyperactivity disorder), како и кај адолесценти со депресивна состојба. 

Омега 3 масните киселини се исто така додаток кој е потребно да го внесува секоја  трудница за да обезбеди правилен развој на мозочето кај своето бебенце.  

Омега 3 масните киселини на природен начин ги олеснуваат симптомите кај погоре наведените ментални потешкотии и го потенцираат ефектот на антидепресивната терапија.  

При употреба на додатоците во исхрана кои содржат омега 3 масни киселини  особено е значајно секоја индивидуа да внимава на квалитетот и потеклото на истите. Не секој додаток ја содржи потребната дневна концентрација, заради што и  ефектите се различни. Секако потребно е да се следат препораките и да се консултираат  докторите и фармацевтите за правилниот внес на истите, а со тоа и правилна превенција на вашето здравје.

 

Напомена: Депресивното расположение кое го чувствуваме почесто, не треба да се помеша со депресивно растројство, за што е потребна консултација со психолог/психијатар.

 


 

Автор:

 

М-р. Фарм. Ирина Стојановска

;

Можеби ќе те интересира

payment-methods