OurMind

Справување со стрес

Вовед: 

Психолошко – искуствена работилница во времетраење од два дена, вкупно 12 часа работа.

Со цел поголема ефективност на работилницата, потребно е активно учество, дискусија, споделување меѓу учесниците. На тој начин се стимулира групната динамика и се зголемува кохезивноста на групата.

Учесниците ќе се здобијат со знаење за стрес и вештини како да се справуваат со истиот како во приватниот така и во професионалниот свет, бидејќи двете нешта се меѓусебно поврзани со учинокот, задоволството од работа, задоволството од животот, ефектот на прегорување, меѓучовечките односи и сл.

Структура на обуката

Програма за дводневна обука:

 

Прв ден:

 

Запознавање

Теоретски дел

- Дефинирање на стрес

- Видови на хроничен стрес (во приватен и професионален свет, акутен и хроничен)

- Откривање на најчестите тригери на стрес во приватниот и професионалниот живот

- Последици од долготрајна изложеност на стрес (соматски и на работниот учинок, задоволството од работа и меѓучовечките односи)

- Начини на реагирање (справување) со стрес

 

15 минути пауза

- Скала за мерење на стрес и дискусија

- Когнитивни дисторзии и стресот на работа

- Што кажува статистиката и научните истражувања за стресот во професионалниот свет?

 

30 минути пауза

- Вежба (техника за релаксација) и дискусија

- Вид на работна атмосфера како тригер на стрес (демократска, автократска, либерална, незаинтересирана)

- Дискусија

 

Евалуација и затварање

 

Втор ден:

- Вежба за загревање.

- Стрес и личносни компетенции (константност на објект, целовитост на објект, неутрализација, толеранција на фрустрација, амбиваленција, волја и иницијатива)

 

15 минути пауза

 

- Вежба - преплавување со стрес и поларитети (слика, мисла, чувство, телесна сензација)

- Дискусија

- Поставување на психолошки граници во професионалниот свет (Дефиниција на психолошки граници, карактеристики, функции, видови, разлики во хоризонтални и вертикални граници, лидерите имаат граници, граници меѓу приватниот и професионалниот свет)

 

30 минути пауза

- Вежба (Кога и како да кажам автентично „да“ и „не“ а, да не ги нарушам личните и туѓите граници?)

- Дискусија

- Тркало на животен баланс

 

Евалуација и затварање

Реализација

Розалија Секулоска е магистер по развојна психологија, лиценциран психолог од областа на трудот и советник психотерапевт по Когнитивно-бихејвиор психотерапија (CBT), Трансакциона анализа и ОЛИ психодинамски метод (откривање на личната вистина преку отргнување на лажните информации).

Едукатор по квантна хармонизација и кристалотерапевт. Има тринаесет годишно работно искуство во едукации, индивидуална психотерапија, советување и коучинг со сите возрасни категории. Автор е на две кники „Моќ наречена надеж“ и „Креативно разрешување на забрани низ мандалата.“ Нејзиното мото е: „Само небото е граница!“

Онлајн психолог Розалија Секулоска

Розалија Секулоска

Contact form image

Побарај понуда