Самопочитта е најголема абнормалност што му е позната на човекот. Безусловното прифаќање на себеси е здрава, рационална алтернатива. Алберт Елис

Атанас Иваноски

може да ти помогне околу:

Избери датум:

Во моментот нема слободни термини.

Побарај термин.

Биографија

Атанас Иваноски е магистер по психолошки науки, лиценциран психолог, член на Комората на психолози на Република Северна Македонија и член на Интернационалното Здружение за Коучинг Психологија (International Society for Coaching Psychology). Основач и претседател е на Здружение за психологија, советување, психодијагностика и едукација КОГИТАЦИО РАЦИОНАЛИС Кавадарци.

Во текот на студирањето и постдипломските студии, но, и по завршување на истите, својот научен интерес го насочува кон изучување на следниве области: когнитивен и бихејвиорален аспект на личноста, клиничка психологија, психодијагностика, психотерапија, психолошко советување и психопатологија.

Изучува психотерапија на RE&CBT Affiliated Training Center of Albert Ellis, Belgrade, на кој се има стекнато со напредно ниво од РЕ&КБТ. На истиот тренинг центар има посетувано и обука за органициски когнитивно-бихејвиорален коучинг. Покрај претходно наведеното, има посетувано обука за  примена на РЕ&КБТ во работа со деца и адолесценти во организација на Ординација за детска психијатрија и психотерапија - КРУГ, Нови Сад. 

Во однос на научно-истражувачката дејност, има издадено неколку научни трудови во интернационални списанија и списанија со импакт фактор.

Својот приправнички стаж го има реализирано во неколку психијатриски установи каде конкретно има работено во доменот на диференцијалната дијагностика и психолошкото советување под надзор на своите ментори.

Моментално работи како професор по психологија во СОЗШУ „Ѓорче Петров“, Кавадарци.

Има работено како асистент на Факултет за психологија при МИТ Универзитет Скопје, професор по спортска психологија во ДСУ „Спортска академија“, Скопје, и психолог во ПСУ „Св.Лука“, Скопје.

Прашај/Побарај термин

Со испраќање на пораката, се согласувам со правилата на користење и политикатата на приватност на Our Mind
Овде можеш да се консултираш со Атанас за твојот предизвик или да побараш термин.
Испрати бесплатна порака и Атанас ќе ти одговори на мејлот што ќе го оставиш.
;
payment-methods