„Само небото е граница!“

Розалија Секулоска

може да ти помогне околу:

Избери датум:

Во моментот нема слободни термини.

Побарај термин.

Биографија

Розалија Секулоска е Магистер по развојна психологија, сов.психотерапевт по Когнитивно-бихејвиор психотерапија, Трансакциона анализа, енергетичар, едукант и координатор во Р.С. Македонија по ОЛИ интегративниот метод (откривање на личната вистина, преку отстранување на лажните информации). Лиценциран психолог по психологија на трудот и терапевт по квантна хармонизација.

Специјализирана е за работа со деца и возрасни во однос на проблеми во однесувањето кај децата, а кај возрасните невротски состојби (анксиозност, панични напади, фобии..), проблеми (недоразбирања, конфликти..) во интерперсоналните (меѓучовечките) релации, работа со жртви на насилство, брачно и семејно советување.

Вели дека нејзината работа со клиентите е “специфична”, бидејќи за секој клиент има различен третман без разлика дали станува збор за ист проблем. Тргнува од фактот дека во светот не постојат идентични личности, па токму затоа секој проблем го доживува и се справува со него на свој уникатен начин. За таквиот “автентичен”  пристап ѝ помага еклектичниот и интегративниот пристап од повеќето психолошки правци, тринаесетгодишното искуство на работа со деца и возрасни, интуицијата и “отворениот ум”.

Клиентите ја доживуваат како стручна и професионална личност, која има емпатија (сочувствува), не осудува, разбира, ги освестува капацитетите за кои не знаат или заборавиле дека ги имаат, им ги “отвара очите” како проблемот и реалноста да ја погледнат од друга перспектива (неутрална), има изразен смирен тон кој им дава базична сигурност и доверба која е потребна во процесот на овој вид на работа.

Покрај тоа таа е мајка, едукатор по ОЛИ методот, уметник, писател и автор на две книги “Моќ наречена надеж” и “Креативно решавање на забрани низ мандалата”, вежба јога, изучува разни енергетски пристапи и се занимава со едно убаво хоби, истражување и собирање минерални камења (откривање на нивното значење, вибрација, како се користат во алтернативната медицина и психологија).

Често настапува по Тв емиции со цел да го охрабри човекот да побара стручна помош на вистинското место и да ја доближи работата на психологот, сов.психотерапевт и психотерапевт, со цел да се оттргнат предрасудите и незнаењето. 

Мисли дека секој човек треба да има свој матичен психолог кој ќе го води низ животот, развојните и случајните кризи, кои се составен дел на личниот раст и развој.

 




Мојот пристап

Како што погоре спомнав, мојот пристап за секој клиент е различен. Работам преку дефинирање на главниот проблем (понекогаш правање на листа кој е најважниот проблем) на кој “сега” ќе работиме. Клиентот го дефинира својот проблем и со заедничка работа склопуваме психолошки договор на што ќе работиме. Потоа работиме преку откривање зошто е тоа така, од каде и од кого носи корени, кои се забраните, дозволите, кои се веројатностите за добивка и загуба при промените .....

Тоа е долг и сериозен процес која бара “полека” да се работи бидејќи, наглите промени можат да бидат застрашувачки за клиентот со што се активира несвесниот отпор за оддржување на ситуацијата статус кво (непроменлива). Откако ќе се реши проблемот, клиентот доживува огромно олеснување, „Аха“ доживување и ослободување на енергија со што овозможува “здрав” проток на енергија низ менталното, емоционалното и духовното Јас.

Низ работата работам со “збор” Сократовски, со индивидуално адаптирани вежби (за освестување, изложување, дишење, обжалување, прифаќање, соочување со реалноста, анализа, синтеза и сл.) за проблематиката и со задавање на домашни задачи кои се обработуваат на идната средба. Со други зборови, потребно е да се влезе во процесот за да се почувствува сето ова на своја “кожа”.

Искуство:

2018 – декември - февруари, 2019 ЈУ "25 Мај" - дом за деца без родители и родителска грижа со асоцијално поведение

2014 Советник по Когнитивно Бихејвјор психотерапија ACBT на РМ

2016 Советник по Трансакциона Анализа MATA и САТА

2017  Основач, управител, психолог "Трет Родител" – Центар за тестирање, личен и организациски развој

2013 Универзитет "Св. Кирил и Методиј- Филозофски факултет"- Скопје Институт за психологија

2008 во тек  ЈУ "11 Октомври"- дом за деца без родители и родителска грижа.

Членство: МТСП, МАТА, КПМ, КБТМ.

Прашај/Побарај термин

Со испраќање на пораката, се согласувам со правилата на користење и политикатата на приватност на Our Mind
Овде можеш да се консултираш со Розалија за твојот предизвик или да побараш термин.
Испрати бесплатна порака и Розалија ќе ти одговори на мејлот што ќе го оставиш.
;
payment-methods