„Успехот е патување, а не дестинација. Процесот е често поважен од резултатот.“

Виолета Георгиевска

може да ти помогне околу:

Избери датум:

Во моментот нема слободни термини.

Побарај термин.

Биографија

Виолета Георгиевска, која живее и работи во Скопје, е Дипломиран психолог и Лиценциран психолог по психологија на труд.  Исто така е и Системски - семеен психотерапевт, како и  Професионален обучувач на возрасни (couch).

Факултетот го завршува на Филозофскиот Факултет, Група Психологија на УКИМ, во Скопје. Верувајќи дека „едукацијата трае цел живот“, вложува голем дел од себе во најразлична едукација, па така се здобива со сертификати од областа на: Трансакциона анализа, Системска - Семејна Психотерапија,  Образование за водење на обуки и couch.

Се смета себе си за успешна личност и во приватниот и во професионалниот живот, а исполнетоста од работата може да се види преку долгогодишното искуство и несебично вложување во секоја работна позиција, како и од учеството и поддршката на голем број хуманитарни проекти и организации,  а на една од нив е и основач.

Како професионалец себе си се опишува во повеќе полиња: индустриска психологија, клиничка психологија и социјални области преку употреба на психолошки мерни инструменти во професионална селекција и ориентација, психолошко тестирање, психодијагносика,   индивидуално, семејно и системско советување и психотерапија, водење, мониторирање и евалуација на организациски процеси, дизајнирање и спроведување на обуки.

За нејзиното искуство зборуваат работните организации каде оставила белег (хронолошки):


Тутунски комбинат Куманово (1983-2005) - професионална селекција при вработување, професионална ориентација и реализирање на обуки на вработени за подобрување на квалитетот на работата,  тимска работа, работа на фактори на задоволство од работа и мотивации на вработените кои во процесот на произвоство би дале подобар учинок.


Приватна специјалистичка неуро-психијатриска ординација „Анима“, Куманово - психодијагностика, индивидуално и семејно советување и психотерапија (хонорарно вработена 1996-1999).


Основач е и претседател на Г.О. „АзбукА“ - менаџирање на проект „Детски креативен центар“, преку директна работа со деца и родители (2002-2003).


Приватна болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица“, Скопје-имплементација на обуки за подготовка за родителување на брачни двојки, работа со клиенти (хонорарно вработена 2004-2005).


Денес работи во СОС „Детско село“, Скопје - од 2005 година како Психолог и Национален координатор на мајки и младински програми, потоа како Директор на установата, а од 2016 е Менаџер на програмата за поддршка на згрижувачки семејства.


Одржува професионални обуки и коуч, на индивидуалци и фирми, користејќи ги концептите од трансакциона и системска семејна (хонорарно).

Учеството во еден ваков проект уште повеќе ја истакнува нејзината посветеност и желба да им помогне на луѓето, како и на своите помлади колеги психолози.

Прашај/Побарај термин

Со испраќање на пораката, се согласувам со правилата на користење и политикатата на приватност на Our Mind
Овде можеш да се консултираш со Виолета за твојот предизвик или да побараш термин.
Испрати бесплатна порака и Виолета ќе ти одговори на мејлот што ќе го оставиш.
;
payment-methods