„Твојата иднина зависи само од тебе. Започни од таму каде што си. Сѐ што имаш - е сѐ што ти треба."

Ана Марија Павлова

Избери датум:

Во моментот нема слободни термини.

Побарај термин.

Биографија

Ана Марија Павлова е родена и живее во Штип. Основното образование го завршува во Штип, но во меѓувреме 3 години живее и во Кратово, каде нејзините родители работеле како мисионери.

Бидејќи истовремено посетува и музичко училиште, за средно образование се одлучува за државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ каде дипломира со титулата „музичар изведувач“ на инструментот виолина.

Чувството за авантура и желбата за откривање на непознатото, ја поттикнаа да се запише на Меѓународниот универзитет LCC во Клаипеда, Литванија. Таму се стекнува со својот бакалауреат по Психологија.

Сепак копнежот по татковината ја натера да се врати назад во својот роден град каде сега живее и работи. Моментално е вклучена во неколку младински и студентски организации, како младински ментор и обучувач, а истовремено работи како комуникациски асистент во Инфо Клуб-Штип.

 

За себе вели: „ Мојата животна цел е да им помагам на луѓето да ја достигнат најдобрата верзија од себе, особено младите. Верувам дека таквата мисија не треба да се ограничува од место на живеење или заработка. Затоа чекорам во која улога и да се најдам. Сепак, себеси најјасно се гледам во областите на клиничка и спортска психологија.“

Прашај ја Ана Марија

Со испраќање на пораката, се согласувам со правилата на користење и политикатата на приватност на Our Mind
Овде можеш да се консултираш со Ана Марија за твојот предизвик или да добиеш насоки кој психолог-советник/психотерапевт ти одговара.
Испрати бесплатна порака и Ана Марија ќе ти одговори на твоето прашање на мејлот што ќе го оставиш.
;
payment-methods