„Слободен е тој што не им е роб на уживањата и разумно и свесно владее над своето тело.“ – Св. Антониј Велики

Надица Јосифоска Јанкоска

Биографија

Надица е дипломиран психолог на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и има положен испит за психодијагностика на институтот за брак и семејство "Алтернатива".

Сака континуирано да учи, да работи на себе, на својот раст и развој, како на профисионален план, така и на личен. Па така секогаш кога има прилика посетува предавања и обуки од различни области на психологијата како што се развојната психологија, форензичката психологија и развој на кариера, а за дел од нив поседува и сертификати. Исто така, од обука организирана од страна на ,,Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство”, се има стекнато со сертификат за врснички едукатор за родова рамноправност.

За време на студиите најмногу интерес имала за психометрија, форензичка психологија за која има посетувано предавања надвор од формалното образование, за сега најголемо внимание да посветува на развојната психологија.

Секако има за цел да се надоградува и на други полиња од психологијата како што е на пример когнитивно-бихевиоралната терапија и друго. Цели кон праведност, кон станување подобра личност, кон подигнување на јавната свест, за општото добро на сите.

Како нејзини компетенции би ги издвоила: етичност, фокусираност кон детали, аналитички вештини.

Нејзини вредности: Одговорност, посветеност, емпатија, љубезност.

Прашај ја Надица Јосифоска

Со испраќање на пораката, се согласувам со правилата на користење и политикатата на приватност на Our Mind
Овде можеш да се консултираш со Надица Јосифоска за твојот предизвик или да добиеш насоки кој психолог-советник/психотерапевт ти одговара.
Испрати бесплатна порака и Надица Јосифоска ќе ти одговори на твоето прашање на мејлот што ќе го оставиш.
;
payment-methods