"Некогаш ја донесувате исправната одлука, некогаш ја правите одлуката исправна." - Phil McGraw

Викторија Банова

Биографија

Викторија Банова е Дипломиран Психолог, на Факултетот за Психологија „МСУ Гаврило Романович Державин“. Моментално работи во Служба за Функционална проценка на деца и млади (МКФ) како психолог.

Своето скромно искуство е стекнато преку обука за групна терапија и личен развој. Исто така се набројуваат и практичните и волонтерски искуства во неколку дневни центри, Психијатриската болница Бардовци; ЈУ-Меѓуопштински центар за социјална работа во Радовиш и неколку онлајн сертификати.

Вели дека често се потсетува себеси колку ја сака работата и за влијанието што го има истата, врз животот на луѓето и оние околу нив. Силно верува дека промените од големи размери се случуваат прво на индивидуално ниво, и ако сакаме да создадеме свет во кој  ќе се цени својата земја и луѓето во неа, прво треба да се пронајдеме себеси.

„Отсекогаш сакав да направам промена, и сега знам како ќе успеам да го остварам тој сон. “

„Верувам дека можам да ги направам луѓето во моето опкружување, како и себеси, поздрави и поисполнети, обезбедувајќи им чувство на „јасност“ секогаш кога животните ситуации стануваат магливи. Мојот сон е некогаш да станам успешен клинички психолог. Работата еден-на-еден со поединци, ќе ми донесе големо задоволство. “

 

Прашај ја Викторија

Со испраќање на пораката, се согласувам со правилата на користење и политикатата на приватност на Our Mind
Овде можеш да се консултираш со Викторија за твојот предизвик или да добиеш насоки кој психолог-советник/психотерапевт ти одговара.
Испрати бесплатна порака и Викторија ќе ти одговори на твоето прашање на мејлот што ќе го оставиш.
;
payment-methods