OurMind

Вашиот тим го може најдоброто

Зошто психолог во тимот?

 

Затоа што ЕМОЦИИТЕ се главна компонента на спортот, особено во групните и боречките спортови. Предизвикот да се нападне противникот носи со себе низа емоции: страв, неизвесност, возбуда....

 

 

Како спортистот да воспостави контрола над ова и да го изведе нападот ефективно?

 

 

Истражувањата покажуваат дека спортската психологија ги подобрува перформансите помеѓу 45 и 48%, додека кога се додаваат психолошките променливи, процентот на варијанса објаснет со статистичка регресивна анализа се зголемува дури на 79% и 85%. (Џејмс и сор., 2016).

Програма

Оваа програма во својата содржина ги има накратко предвидените активности кој се планирани за психолошко - терапевтска помош за личен раст и развој на вашиот тим. Согласно наведеното се надеваме на добра соработка, а воедно треба да се напомене дека поради флексибилноста на работата на психолозите, делови од оваа програма можат да претрпат промени.

 

Содржина:

- Прва средба

- Работилници

- Индивидуални средби

- Групни средби

- Набљудување на тимска динамика (во договор со тимот)

- Распоред за термини (ќе бидат објавени дополнително согласно вашиот распоред)

 

1 Прва средба

За еден клиент да ја прифати помошта од својот психолог/психотерапевт најважно е да има висок степен на доверба. Токму поради ова првата средба се сведува на кратка биографија т.е претставување на психолозите, презентација на програмата- план за работа, цели на овој проект – спортска психологија (кои подетално ќе бидат објаснети), претставување пред тимот и запознавање.

2 Работилници

3 Индивидуални средби

Работилниците имаат за цел позитивно да влијаат на личниот раст и развој на спортистите и се планира да бидат од различен карактер. Ќе бидат на теми за мотивација, справување со стрес, гнев, повреди и сл.

Индивидуалните средби ќе се одржуваат со физичко присуство или во евентуални вонредни состојби ќе бидат одржани ONLINE. Секој од фудбалерите најмалку еднаш во месецот ќе има индивидуална средба со својот терапевт-психолог.

Што вклучува понудата?

- Најмалку една месечна индивидуална сеанса со секој спортист поединечно.

- Најмалку една работилница месечно на различна тема (мотивација, справување со гнев, стрес итн.)

- Мотивација на спортистите пред натпревар.

- Следење на нивниот прогрес на припреми, тренизни, натпревари и сл.

- Можност за дополнителна работа со тренерите и менаџерскиот тим на клубот.

 

За повеќе информации пишете ни порака во делот ПОБАРАЈ ПОНУДА, наведувајќи дали станува збор за индивидуален или групен спорт, или контактирајте нѐ на телефонскиот број 078292562.

Одговорно лице: Маја Иванова Цеков.

Онлајн психолог Our Mind

Our Mind

Contact form image

Побарај понуда