Емоционална интелигенција и лидерство

18/02/2023 | 10:00 ч.

Емоционалната интелигенција според најновите истражувања е клучен фактор на успех во приватниот и деловниот аспект на животот на секој поединец.

Времетраење

6 часа

Цена

3600 денари

ПРОГРАМА: 

ПРВ ДЕЛ - ВЕШТИНИ НА УПРАВУВАЊЕ СО СЕБЕ ИЛИ ЛИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:

1. Развиена САМОСВЕСТ - познавање на личните внатрешни состојби, склоности, потенцијали

  • Емоционална свесност – препознавање на сопствените чуства и нивното влијание
  • Точна самопроценка – добро познавање на себе си, своите јаки и слаби страни, своите потенцијали, уверувања, вредности, желби и цели.
  • Самодоверба – увереност во сопствените вредности и способности

 

2. САМОСОВЛАДУВАЊЕ - контрола на сопствените емоции и однесувањe:

  • Самоконтрола – контрола на чуства и нагони кои можат да ни сметаат
  • Веродостојност – негување на примерна искреност и чесност
  • Совесност – одговорност за сопствените постапки
  • Прилагодливост – способност за прифаќање на промени
  • Иновативност – лесно прифаќање на нови идеи, пристапи и информации

 

3. МОТИВИРАНОСТ - Емоционална склоност која води кон постигнување на целите и го олеснува тој пат:

  • Разбирање на другите – препознавање на чуствата и ставовите на другите луѓе и интересирање за нивните грижи
  • Посветеност и лојалност – поистоветување со целите на групата или организацијата
  • Иницијатива – спремност за делување при појава на нови можности
  • Оптимизам – упорност при постигнување на целите без оглед на тешкотиите

 

ВТОР ДЕЛ - ВЕШТИНИ НА УСПЕШНА СОРАБОТКА СО ДРУГИТЕ, СОЦИЈАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ: 

1. ЕМПАТИЈА - познавање на личните внатрешни состојби, склоности, потенцијали

  • Емоционална свесност – препознавање на сопствените чуства и нивното влијание
  • Помагање на другите – препознавање на туѓите потреби при развојот и унапредување на нивните способности
  • Насоченост кон клиентот – предвидување и препознавање на потребите на клиентот и пресретливост
  • Потпирање на различностите – развивање на способностите на луѓе кои се различни

 

2. СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ - Способност за создавање на саканите реакции кај другите луѓе

  • Влијателност – примена на ефективни начини на уверување
  • Комуникативност – активно слушање и испраќање на уверливи пораки
  • Разрешување на конфликти – способност за преговарање и решавање на недоразбирањата
  • Водство – лидерство – мотивирање и насочување на групи или поединци
  • Поттикнување на промени – поттикнување и спроведување на промениа
  • Создавање на врски/односи – негување на корисни поврзаности / односи
  • Соработка – способност за работа во група со заедничка цел
  • Способност за тимска работа – градење на групна синергија при постигнување на заедничка цел

*Во модулите се вметнати и вежби според потребите на групата

*Предвидени се две кафе/закуска паузи

 

РЕАЛИЗАЦИЈА: 

 

Зорица С. Арсовска - Трансакциски аналитичар, и сертифициран тренер за Емоционална интелигенција во соработка со стручен тим од обучени и сертифицирани психолози, кои имаат долгогодишно искуство во организирање на вакви и слични обуки, искуство во областа на индивидуално и групно советување и управување со човечки ресурси.

Соња Ристовска - Основач на ТЕРА Центар, Доктор на науки по Менаџмент, Мастер обучувач за национална рамка на квалификации, Мастер обучувач за учење преку работа, Професионален коуч и Кариерен советник. Автор на книги за специјалистичко образование.

 

*Во зависност од потребите на обуката, ангажираме уште еден психолог тренер како копредавач и помошник за изведување на практичните вежби

Предавач:

Онлајн психолог Our Mind

Our Mind

payment-methods