Компанијата може да расте само доколку вработените растат

Ви помагаме да ја остварите мисијата заради која постоите преку извлекување на најдоброто од вашиот тим.

Што нудиме?

Развој на организација

Развој на организацијата се постигнува со менување на комуникациските и организациските процеси.

Преку набљудување и директно вклучување во работната средина, ние ги препознаваме и дефинираме предизвиците во структурата на организацијата, и со нашата психолошка експертиза, креираме соодветни методологии кои значително ќе го подобрат работењето на компанијата.

Развој на вработените

Со развивање на вработените во организацијата, постигнувате поголема внатрешна мобилност, што на вработените им носи двојно повеќе мотивација да останат во организацијата.

Инвестирањето во развојот на вработените е одличен начин за зголемување на вредноста на компанијата и развој на бизнисот.

Управување со човечки ресурси

Доброто управување со човечки ресурси ја прави вашата компанија конкурентна и ја зајакнува нејзината позиција на пазарот.

Нашата експертиза ќе ви овозможи самостојно или со наша помош да управувате со човечките ресурси во согласност со организациската визија и стратегија и да ги постигнете посакуваните цели!

Нашиот тим на врвни психолози

Проценува

На кои вештини треба да работи вашиот тим, според видот, темпото и потребите на работата.

Креира

Обуки прилагодени според потребите на вработените и работните задачи.

Обучува

Практични вежби од секојдневното работење и материјали за работа после завршување на обуката.

Евалуира

Ги евалуира постигнатите резултати од вработените и дава извештај за сработеното.

Препорачува

Дава препораки на кои вештини би требало да се работи во иднина.

Закажете бесплатна консултација

Нашиот тим на психолози ви стои на располагање за бесплатна консулатација.

Закажете бесплатна консултација

Нашиот тим

Виолета Георгиевска

Виолета Георгиевска

Психотерапевт, организациски психолог, обучувач
Зорица Серафимовска Арсовкса

Зорица Серафимовска Арсовкса

Психотерапевт, сертифициран тренер за емоционална интелигенција
Соња Ристовска

Соња Ристовска

М-р по менаџмент, психолог, обучувач
Миа Мицевска

Миа Мицевска

М-р по невропсихологија, психолог
Mayst Impact
Prikazna
Leader Impact Next
PharmaS

Обуки

Управување со стрес

Управување со стрес

Справете се со исцрпеноста, падот на енергија, напнатоста, безволноста, слабата концентрација и пониската исполнителност кои се резутатот на зголемениот стрес во вашето скеојдневие.

Види повеќе

Решавање конфликти

Решавање конфликти

Конфликтите сами по себе не се ниту добри ниту лоши, туку последиците од нив можат да бидат добри или лоши, зависно од нашето знаење и вештини, како да управуваме со Конфликтните Ситуаци.

Види повеќе

Менаџирање на време

Менаџирање на време

Управување со времето е работна и животна техника на однесување и самоорганизирање која опфаќа одредување на јасни цели и приоритети, делегирање на задачите и зголемување на успешноста во работатa.

Види повеќе

Комуникациски вештини

Комуникациски вештини

Општа цел на обуката за Комуникациски вештини пред се значи развивање на способност за јасна, искрена и отворена комуникација помеѓу вработените, конгруентност и разбирање.

Види повеќе

Вештини за влијание и лидерство

Вештини за влијание и лидерство

Во текот на обуката, учесниците ќе имаат можност искуствено да се запознаат и да работат на развивање на нивните лидерски и комуникациски вештини во професионалниот контекст.

Види повеќе

Емоционална писменост

Емоционална писменост

Обука за зголемување на личната моќ на секој поединец и неговата способност за соработка со други луѓе без манипулации и психолошки игри.

Види повеќе

Најнови колумни

Лидерство - Водење на самиот себе

Постојат есенцијални вештини кои се неопходни за секој лидер. Тие се водење на самиот себе, водење на другите како и водење на организацијата. Потребата да се фокусирам на лидерските способности како и нивниот развој е затоа што тоа е клучот на подобро лидерство. Потребните вештини за одредена позиција можат да се сменат во зависност од промена на лидерите или нивото во организацијата.

Види повеќе

Лидерство и емпатија

Лидерот е водач на група луѓе, а тоа значи дека лидерот е потребно да мотивира и насочува група луѓе кон остварување на поставените цели. Затоа е потребно да има и пренослив оптимизам, добро да ја познава човековата природа, да има самоконтрола, да покажува почит кон луѓето и да има чувство на праведност во кои другите ќе имаат доверба.

Види повеќе

Водење по личен пример: Особини на инспиративните лидери

Лидерството не е само давање наредби и донесување одлуки - туку инспирација и мотивирање на другите да го постигнат најдоброто од себе. Инспиративните лидери поседуваат одредени особини и квалитети кои ги издвојуваат од останатите и им овозможуваат да ги водат своите тимови кон успех.

Види повеќе

Од давање наредби до соработка: Еволуцијата на стиловите на лидерство

Во оваа колумна, ќе ја истражиме еволуцијата на стиловите на лидерство и ќе ја нагласиме промената од традиционалните пристапи за давање наредби и контрола кон повеќе колаборативни и инклузивни методи.

Види повеќе

Уметноста на лидерството: Карактеристики на ефективни лидери

Лидерството често се опишува како форма на уметност затоа што бара уникатен сет на вештини, особини и квалитети за преку кои ги инспирираме и водиме другите кон заедничка визија.

Види повеќе

Навигација низ лавиринтот: Koja e разликaтa помеѓу менаџментот и лидерството?

Во денешниот свет на бизнисот, термините „менаџмент“ и „лидерство“ често се користат наизменично. Сепак, овие два термина претставуваат различни концепти кои се клучни за успехот на секоја организација.

Види повеќе