Асертивните тренинзи во компаниите имаат за цел унапредување на меѓучовечките односи, создавање на поефикасна и пофлексибилна комуникација, како и намалување на стресот. Асертивната комуникација му помага на човекот да биде поуспешен во залагањето за себе, но и да развие квалитетни односи со другите.
Структура на обуката
Обуката може да се спроведе на еднодневна или дводневна база, во зависност од потребите.
Еднодневна обука:
Во траење од 8 часа ( на пример од 9 до 17 часот ). Може да биде и во работен ден, доколку го дозволува тоа работата.
Прв дел:
- Разбирање и прифаќање на асертивните права и искривени уверувања кои го спречуваат асертивното однесување. Стилови на комуникација.
- Улоги кои го спречуваат асертивното однесување.
- Две паузи од по 10 минути.
Втор дел:
- Типови на Асертивна комуникација.
- Манипулативно однесување и како да се одбраниме од него?
- Kако да упатите критика и да влегувате во конструктивни конфликти?
- Изразување на позитивно мислење.
- Две паузи од по 10 минути.
Дводневна обука:
Прв ден:
- Разбирање и прифаќање на асертивните права искривени уверувања кои го спречуваат асертивното однесување.
- Стилови на комуникација.
- Улоги кои го спречуваат асертивното однесување.
- Две паузи од по 10 минути.
Втор ден:
- Типови на Асертивна комуникација.
- Манипулативно однесување и како да се одбраниме од него?
- Како да упатите критика и да влегувате во конструктивни конфликти?
- Изразување на позитивно мислење.
- Две паузи од по 10 минути.