Закажете бесплатна консултација

Во суштина ние имаме два мозока, два ума - и два типа на интелигенција - рационална и емоционална, вели Даниел Големан. Дали рационална или емпирична, твојот пристап кон животот мора да биде емпатичен. 

Емоционалната интелигенција се создава кога знаењето и емпатијата се комбинираат и се искористуваат во секојдневното живеење. Емоционалната интелигенција е неопходна за градење здрави релации, било во семејството, на работа или во социјалното дружење, а исто и за развој на лидерство, менаџирање,градење на системи, учење и развој. 

Емоциите се двигател на сите наши дејствија и пофати, а од степенот на емоционална интелигенција, зависи нивниот успех. Емоционално интелигентна личност има добра комуникација со другите, знае како да застане зад својот став, а сепак со чувство на емпатија да остане во добри релации со другите. 

Преку оваа обука ќе научите што е емоционалната интелигенција, зошто е важна, како да ја подобрите и како да ја применувате во различни животни ситуации.

Структура на обуката

Програма за дводневна обука: 

Прв ден: 

  • Што е емоционална интелигенција? 
  • Важноста и влијанието на Емоционалната интелигенција во различни животни ситуации
  • Вежба 
  • 30 минути пауза 
  • Емоционалната интелигенција и емпатија
  • Вежба
  • Евалуација и затварање 


Втор ден: 

  • Поврзаност на Емоционална интелигенција и комуникација
  • Животни позиции - став кон себе и став кон другиот
  • 30 минути пауза 
  • Важноста на давање и добивање на признание во развојот на Емоционална интелигенција 
  • Вежба 
  • Евалуација и затварање
  • Дводневни обуки