Во текот на дводневната обуката, учесниците ќе имаат можност искуствено да се запознаат и да работат на развивање на Емоционалната интелигенција. Емоционалната интелигенција според најновите истражувања е клучен фактор на успех во приватниот и деловниот аспект на животот на секој поединец.
Цели на семинарот
Општа цел на обуката за Емоционална интелигенција на работа пред се значи развивање на способност за јасна, искрена и отворена комуникација помеѓу вработените, односно добри меѓучовечки односи, кои пак на секоја личност и овозможуваат многу придобивки во животот.
Специфични цели на семинарот
- Развивање на комуникациските и социјалните вештини
- Јакнење на самопочитувањето и самодовербата
- Техники на избегнување на манипулација во комуникацијата
- Развивање на способноста за асертивно однесување во конфликтни ситуации
- Техники на упатување и примање на критики и пофалби
- Управување со емоциите
- Развивање на поголема осетливост и разбирање за другите
- Развој на самоодговорност, работа на себе и сопствениот развој
- Мотивација и самомотивација
Структура на семинарот
Обуката ќе биде реализирана во два дена.
ПРВ ДЕН
1. ВЕШТИНИ НА УПРАВУВАЊЕ СО СЕБЕ ИЛИ ЛИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
- Развиена САМОСВЕСТ - познавање на личните внатрешни состојби, склоности, потенцијали
- Емоционална свесност – препознавање на сопствените чуства и нивното влијание
- Точна самопроценка – добро познавање на себе си, своите јаки и слаби страни, своите потенцијали, уверувања, вредности, желби и цели.
- Самодоверба – увереност во сопствените вредности и способности
2. САМОСОВЛАДУВАЊЕ - контрола на сопствените емоции и однесувањe:
- Самоконтрола – контрола на чуства и нагони кои можат да ни сметаат
- Веродостојност – негување на примерна искреност и чесност
- Совесност – одговорност за сопствените постапки
- Прилагодливост – способност за прифаќање на промени
- Иновативност – лесно прифаќање на нови идеи, пристапи и информации
3. МОТИВИРАНОСТ - Емоционална склоност која води кон постигнување на целите и го олеснува тој пат:
- Разбирање на другите – препознавање на чуствата и ставовите на другите луѓе и интересирање за нивните грижи
- Посветеност и лојалност – поистоветување со целите на групата или организацијата
- Иницијатива – спремност за делување при појава на нови можности
- Оптимизам – упорност при постигнување на целите без оглед на тешкотиите
ВТОР ДЕН
1. ВЕШТИНИ НА УСПЕШНА СОРАБОТКА СО ДРУГИТЕ, СОЦИЈАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
- ЕМПАТИЈА - познавање на личните внатрешни состојби, склоности, потенцијали Емоционална свесност – препознавање на сопствените чуства и нивното влијание
- Помагање на другите – препознавање на туѓите потреби при развојот и унапредување на нивните способности
- Насоченост кон клиентот – предвидување и препознавање на потребите на клиентот и пресретливост
- Потпирање на различностите – развивање на способностите на луѓе кои се различнит
- Политичка свест – препознавање на емоционални струи и односи на моќ во групата.
2. СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ - Способност за создавање на саканите реакции кај другите луѓе
- Влијателност – примена на ефективни начини на уверување Комуникативност – активно слушање и испраќање на уверливи пораки
- Разрешување на конфликти – способност за преговарање и решавање на недоразбирањата
- Водство – лидерство – мотивирање и насочување на групи или поединци
- Поттикнување на промени – поттикнување и спроведување на промениа
- Создавање на врски/односи – негување на корисни поврзаности / односи Соработка – способност за работа во група со заедничка цел
- Способност за тимска работа – градење на групна синергија при постигнување на заедничка цел.
Техники кои ќе се користат во текот на работилниците
Освен презентации со кои учесниците ќе бидат запознаени со различни концепти од теоријата на комуникација , Емоционална интелигенција и Трансакциска анализа, ќе бидат користени и техники како: играње на улоги, бура од идеи, работа и дискусија во парови и мали групи и др.