Закажете бесплатна консултација

Во текот на дводневната обуката, учесниците ќе имаат можност искуствено да се запознаат и да работат на развивање на Емоционалната интелигенција. Емоционалната интелигенција според најновите истражувања е клучен фактор на успех во приватниот и деловниот аспект на животот на секој поединец. 

Цели на семинарот 

Општа цел на обуката за Емоционална писменост е кај секој поединец да се зголеми неговата лична моќ и соработката со другите луѓе без манипулации и психолошки игри. 

Специфични цели на семинарот

  • Да се зголеми нивото на самопочитување и љубов према себе и према другите
  • Редуцирање на негативната самокритика и негативната критика на другите
  • Усвојување на вештини на емоционално писмена комуникација
  • Увидување на поврзаноста помеѓу мислите, чувствата и однесувањето
  • Поттикнување на креативност кај вработените
  • Да се зголеми нивото на искрена и директна комуникација , наспроти манипулации и игри 

Структура на семинарот

Во текот на обуката ќе бидат реализирани активности на неколку теми: 

  • Препознавање и редуцирање на влијанието на Негативниот Критички Родител
  • Развивање на самосвеста и на Позитивниот Негувачки Родител
  • Развивање на вештини на емоционално писмени трансакции
  • Развивање и прифаќање на основните животни права
  • Емоционални грешки кои ги правиме поради влегување во игри и превземање на одговорност 
  • Техники кои ќе се користат во текот на работилниците 


Освен презентации со кои учесниците ќе бидат запознаени со различни концепти од теоријата на комуникација, Емоционална интелигенција и Трансакциска анализа, ќе бидат користени и техники како: играње на улоги, бура од идеи, работа и дискусија во парови и мали групи и др.

  • Еднодневни обуки