Закажете бесплатна консултација

Во денешниот современ начин на живеење, стресот претставува наш постојан сопатник во патувањето наречено живот. Какви се одговорите на луѓето на новата реалност во која, речиси преку ноќ, нивниот живот се смени драстично? Светската пандемија претставува една комплексна, потенцијално опасна ситуација, која е нова, непозната и прилично непредвидлива за луѓето. Токму ова влијае на појавата на енормно зголемен стрес, анксиозност, депресија и чуство на страв. Веќе се чуствуваат последиците врз физичкото и психичкото здравје на луѓето, нивниот социјален живот и егзистенција. Речиси секој доживува некаков стрес преку многубројните обврски, нови задачи и предизвици. Луѓето се соочуваат со страв од непознатото и од неизвесноста, потреба од превземање на голема одговорност а истовремено имаат многу мала контрола врз ситуацијата. Во новата динамика на живеење се` потешко може да се раздвои приватниот од професионалниот живот, има малку простор за уживање и слободни активности, доаѓа до нарушување на односите помеѓу луѓето, нивно отуѓување, осаменост и безволност. Се` почесто кај луѓето доаѓа до појава на Синдромот на согореност кој резултира со исцрпеност и пад на енергијата, напнатост, безволност, слаба концентрација и пониска исполнителност/ефикасност. 

Цели на обуката:

Во текот на состанокот, учесниците ќе имаат можност искуствено да се запознаат и да работат на развивање на вештинини: како најдобро да се соочат со предизвикувачките животни ситуации и како успешно да се справат со секојдневниот стрес. 

Специфични цели на обуката: 

  • Препознавање на елементи на стрес во секојдневниот живот и работа, како и креирање на индивидуални стратегии за соочување со стресот 
  • Справување со секојдневните барањата и непланираните ситуации 
  • Како да се каже НЕ и да се постават здрави граници 
  • Како да се искористат сопствените потенцијали и можности за ефикасно управување со стресот 
  • Справување со симптоми на анксиозност и паничен напад (ако има) 
  • Земање на животот во свои раце и превенција од согорување 
  • Напуштање на чуството на беспомошност и улогата на жртва 

Очекувани резултати од обуката: 

  • Намалување на напнатоста и препознавање на сопствените снаги 
  • Градење на позитивна слика за себе и јакнење на самодовербата и самопочитувањето 
  • Подигање на оптимизмот и позитивната енергија 
  • Размена на искуства помеѓу учесниците 

Структура на семинарот

Во текот на обуката ќе бидат реализирани активности на неколку теми: 

  • Поим, извори и видови на стрес 
  • Знаци на прекумерен, токсичен стрес 
  • Емотивни, интелектуални и телесни симптоми и последици од стресот 
  • Причини за појава на непродуктивен стрес и претерана загриженост 
  • Стратегии за успешно преминување од состојба на загриженост во состојба на активно решавање на проблемите 
  • Механизми на ефикасно управување со стресот 
  • Синдром на согорување, причини,симптоми, превенција и справување 
  • Психичките капацитети на личноста во справување со предизвиците на новата реалност 
  • Надминување на негативните и штетни уверувања за себе, другите и светот воопшто 
  • Разлики помеѓу жените и мажите во нивниот одговор на стресот и согорувањето

 

Методот на работа со акцент на интерактивно и искуствено учење, вклучува: 

  • Презентација 
  • Индивидуална и групна работа 
  • Тестирања и интерпретација на резултатите 
  • Вежби 
  • Дискусии 
  • Размена на искуства и знаења
  • Еднодневни обуки