Развиени Комуникациски Вештини се исклучително значајни за вработените во една организација со цел нивно меѓусебно правилно разбирање, соработка, размена на информации и идеи, меѓусебна доверба а сето тоа е суштински важно за постигнување на успех во приватниот и деловниот аспект на животот на секој поединец.
Цели на семинарот
Општа цел на обуката за Комуникациски вештини пред се значи развивање на способност за јасна, искрена и отворена комуникација помеѓу вработените, конгруентност и разбирање.
Специфични цели на семинарот
- Развивање на комуникациските и социјалните вештини
- Јакнење на соработката во тимот
- Техники на избегнување на манипулација во комуникацијата
- Техники на упатување и примање на критики и пофалби
- Развивање на поголема осетливост и разбирање за другите
- Ненасилно комуницирање
- Комуникација со „тешки клиенти“
Структура на семинарот
Во текот на обуката ќе бидат реализирани активности на неколку теми:
- Што е комуникација?
- Историја на комуникацијата
- Видови комуникација
- Вербална и невербална комуникација
- Како комуницираме?
- Правила на комуникацијата
- Конгруентност во комуникацијата
- Личноста и комуникација
- Активно слушање
- Техники кои ќе се користат во текот на работилниците
Освен презентации за одделните теми поврзани со менаџирање на време, ќе бидат користени и техники како: играње на улоги, бура од идеи, работа и дискусија во парови и мали групи и др.