Управување со времето е работна и животна техника на однесување и самоорганизирање која опфаќа одредување на јасни цели и приоритети, делегирање на задачите, зголемување на успешноста во работата и водење грижа за „крадливците на времето“, а се со цел зголемување на ефикасноста и свесно управување со својот живот.
Цели на семинарот

Специфични цели на обуката
- Да се препознаваат сопствените цели и приоритети
- Да се контролираат активностите кои го трошат времето
- Да се делегираат помалку важните задачи
- Да се изборите за сопственото време
- Да се подобрат сопствените способности за управување со времето
Структура на семинарот
Во текот на обуката ќе бидат реализирани активности на неколку теми:
- Анализа на работен ден, утврдување на дневниот распоред
- Како времето да стане Ваш сојузник
- Одредување приоритети
- Научете да кажете НЕ
- Внатрешни и надворешни „Крадливци на времето“
- Поставување на цели во конкретни временски рамки
- Делегирање
- Време за себе
Техники кои ќе се користат во текот на работилниците
Освен презентации за одделните теми поврзани со Менаџирање на Време, ќе бидат користени и техники како: играње на улоги, бура од идеи, работа и дискусија во парови и мали групи и др.