Времето во кое живееме е обременето со многу случувања. Некои од нив се секојдневни и рутински, а некои доживувања настануваат наеднаш и се изненадувачки. Едни делуваат кратко, а други подолго. Но, заедничко за сите случувања е дека доведуваат до промени или потреси во дотогашните услови на живеењето, па се нарекуваат стресори.
Прилагодувањето на новонастанатата животна ситуација бара дополнителни физиолошки, емоционални и сознајни напори за да се воспостави состојба на рамнотежа. Уникатниот спој на јогата и психологијата, преку вежби, освен што поттикнува на размислување, му овозможува на телото тука и веднаш да осознае што значи надминување на стресот.
Преку оваа обука ќе научите повеќе за стресот и начините како тој може да се надмине преку вежби и практична примена на техники.
Структура на обуката
Програма за дводневна обука:
Прв ден:
- Што е стрес?
- Физиологија на стресот.
- Начини на надминување на стресот.
- 30 минути пауза
- Вежба.
- Практична примена на техники за надминување на стрес.
- Евалуација и затварање
Втор ден:
- Фази во надминување на стресот.
- Вежба.
- 30 минути пауза
- Поврзаност на личноста со стратегии за надминување на стресот.
- Практична примена на техники за надминување на стресот.
- Евалуација и затварање