Закажете бесплатна консултација

Познато е дека луѓето со добро развиени комуникациски вештини полесно успеваат да се пробијат до највисоките скалила на успехот. Добрите комуникациски вештини се неопходни за успех во било кој сектор. 

Велат дека добрата комуникација е мост меѓу конфузноста и јасноста . Лошата комуникација значи донесување заклучоци без слушање и разбирање на другата страна. Недостатокот на добра комуникација во една организација е погубен за истата. 

Додека, добра комуникација значи јасна поврзаност и разбирање меѓу вработените, тимска работа и помагање, спречување и полесно разрешување на конфликти, намален стрес при работа и позитивна енергија во организацијата, а сето ова води кон едно - успех за сите. 

Преку оваа обука ќе научите зошто се важни комуникациските вештини и како преку пратични вежби да ги подобрите истите, на индивидуално ниво и на ниво на организација . 

Структура на обуката

Програма за дводневна обука: 

Прв ден: 

  • Што е комуникација? 
  • Видови на комуникација
  • Вежба
  • 30 минути пауза 
  • Стилови на однесување во интерперсоналната комуникација. 
  • Вежба
  • Евалуација и затварање 

Втор ден: 

  • Техники на позитивна комуникација
  • Вежба
  • 30 минути пауза 
  • Значењето на размената во комуникацијата. 
  • Вежба
  • Евалуација и затварање
  • Дводневни обуки