Долго време се сметало дека конфликтите во интерперсоналната комуникација се нешто лошо и дека треба по секоја цена да се избегнуваат. Најновите сфаќања говорат дека конфликтите сами по себе не се ниту добри ниту лоши, туку последиците од можат да бидат добри или лоши, зависно од нашето знаење и вештини, како да управуваме со Конфликтните Ситуации.
Цели на семинарот:
Во текот на обуката, учесниците ќе имаат можност искуствено да се запознаат и да работат на развивање на вештинини, како јасно да се искажат сопствените ставови без непријатни пропратни чуства, како да се искаже и слушне различно мислење а притоа никој да не биде повреден и како конфликтот да се претвори во начин на доаѓање до најдобрите решенија и заедничка победа.
Специфични цели на обуката:
- Препознавање на причините за конфликт
- Препознавање и контрола на сопствените емоции во конфликтна ситуација
- Постигнување на согласување со различни соговорници
- Како ситуацијата да не излезе од контрола
- Подобро согледување на целокупната ситуација
Структура на семинарот
- Во текот на обуката ќе бидат реализирани активности на неколку теми:
- Дефинирање на проблем
- Што е конфликт и како настанува
- Однос кон промените
- Референтна рамка на вредности
- Пооради што доаѓа до недоразбирање во комуникацијата
- Активни и пасивни отпори за разрешување на конфликтот
- Постапки во решавање на проблемот
- Препознавање на оптимални предлози за решенија
- Соработка и комуникација во решавањето на проблемите
- Активно слушање како предуслов за градење на квалитетни односи, адекватно изразување на сопствените потреби и чувства
Методот на работа со акцент на интерактивно и искуствено учење, вклучува:
- Презентации
- Играње улоги
- Анализа на случаи
- Индивидуална и групна работа
- Тестирања и интерпретација на резултатите
- Вежби
- Дискусии
- Размена на искуства и знаења