Психолошко искуствена работилница во времетраење од два дена, вкупно 12 часа работа. Со цел поголема ефективност на работилницата, потребно е активно учество, дискусија, споделување меѓу учесниците. На тој начин се стимулира групната динамика и се зголемува кохезивноста на групата. Учесниците ќе се здобијат со знаење за стрес и вештини како да се справуваат со истиот како во приватниот така и во професионалниот свет, бидејќи двете нешта се меѓусебно поврзани со учинокот, задоволството од работа, задоволството од животот, ефектот на прегорување, меѓучовечките односи и сл.',
Структура на обуката
Програма за дводневна обука:
Прв ден:
- Запознавање
- Теоретски дел
- Дефинирање на стрес
- Видови на хроничен стрес (во приватен и професионален свет, акутен и хроничен)
- Откривање на најчестите тригери на стрес во приватниот и професионалниот живот
- Последици од долготрајна изложеност на стрес (соматски и на работниот учинок, задоволството од работа и меѓучовечките односи)
- Начини на реагирање (справување) со стрес 15 минути пауза
- Скала за мерење на стрес и дискусија
- Когнитивни дисторзии и стресот на работа
- Што кажува статистиката и научните истражувања за стресот во професионалниот свет?
- 30 минути пауза
- Вежба (техника за релаксација) и дискусија
- Вид на работна атмосфера како тригер на стрес (демократска, автократска, либерална, незаинтересирана)
- Дискусија
- Евалуација и затварање
Втор ден:
- Вежба за загревање.
- Стрес и личносни компетенции (константност на објект, целовитост на објект, неутрализација, толеранција на фрустрација, амбиваленција, волја и иницијатива)
- 15 минути пауза
- Вежба
- Преплавување со стрес и поларитети (слика, мисла, чувство, телесна сензација)
- Дискусија
- Поставување на психолошки граници во професионалниот свет (Дефиниција на психолошки граници, карактеристики, функции, видови, разлики во хоризонтални и вертикални граници, лидерите имаат граници, граници меѓу приватниот и професионалниот свет)
- 30 минути пауза
- Вежба (Кога и како да кажам автентично да и не а, да не ги нарушам личните и туѓите граници?)
- Дискусија
- Тркало на животен баланс
- Евалуација и затварање