Вовед
Во денешниот современ начин на живеење, стресот претставува наш постојан сопатник во патувањето наречено живот. Речиси секој доживува некаков стрес преку многубројните обврски, нови задачи и предизвици кои постојано пристигнуваат, динамика на живеење во која се помалку има простор за уживање и слободни активности.
Сето тоа резултира со исцрпеност и пад на енергијата, напнатост, безволност, слаба концентрација и пониска исполнителност.
Цели на семинарот:
Во текот на обуката, учесниците ќе имаат можност искуствено да се запознаат и да работат на развивање на вештинини како најдобро да се соочат со предизвикувачките животни ситуации и како успешно да се справат со секојдневниот стрес.
Специфични цели на обуката:
- Препознавање на елементи на стрес во секојдневниот живот и работа:
- Справување со секојдневните барањата и непланираните ситуации
- Како да се искористат сопствените потенцијали и можности за ефикасно управување со стресот
- Градење на позитивна слика за себе и јакнење на самодовербата
Структура на семинарот
Во текот на обуката ќе бидат реализирани активности на неколку теми:
- Што е стрес
- Елементи на стресот
- Емотивни, интелектуални и телесни симптоми и последици од стресот
- Причини за појава на непродуктивен стрес и претерана загриженост
- Стратегии за успешно преминување од состојба на загриженост во состојба на активно решавање на проблемите
- Механизми на ефикасно управување со стресот
- Методот на работа со акцент на интерактивно и искуствено учење, вклучува: Презентации Играње улоги Анализа на случаи Индивидуална и групна работа
- Тестирања и интерпретација на резултатите
- Вежби
- Дискусии
- Размена на искуства и знаења