Закажете бесплатна консултација

Во текот на обуката, учесниците ќе имаат можност искуствено да се запознаат и да работат на развивање на нивните лидерски и комуникациски вештини во професионалниот контекст. 

Цели на семинарот 

Во современиот деловен свет, менаџерите во компаниите се соочуваат со многу предизвици. Меѓу другото од нив се очекува и да се грижат за вработените во организацијата бидејки тие се главниот капитал на секоја организација. Менаџерот треба да знае како да ги води своите луѓе, како да ги мотивира да ги изразат максимум своите потенцијали во работата и да ги превенираат проблемите и промените. 

Специфични цели на семинарот

  • Како да ги инспирирате другите со својата индивидуалност и интегритет 
  • Развивање на вештини за управување со тимови и поединци
  • Развивање на особини на лидер кој поттикнува
  • Мотивирање на членовите на тимот и соработниците
  • Раководење насочено кон остварување на организациските и тимските цели, но и целите на секој член од тимот
  • Поттикнување на креативност кај вработените
  • Водење ефикасни состаноци
  • Како да се биде успешен
  • Како да ги инспирирате другите со својата индивидуалност и интегритет

Структура на семинарот

Во текот на обуката ќе бидат реализирани активности на неколку теми:

  • Улогите на раководителот
  • Главните задачи на раководителот
  • Мотивирање на вработените
  • Важноста на организациска клима и култура
  • Стилови на раководење
  • Давање повратни информации
  • Подобрување на стилот на раководењe 
  • Техники кои ќе се користат во текот на работилниците 


Освен презентации со кои учесниците ќе бидат запознаени со различни концепти од теоријата на лидерство, Емоционална интелигенција и Трансакциска анализа, ќе бидат користени и техники како: играње на улоги, бура од идеи, работа и дискусија во парови и мали групи и др.

  • Еднодневни обуки