Од давање наредби до соработка: Еволуцијата на стиловите на лидерство
Стиловите на лидерство имаат еволуирано значително со текот на годините, префрлајќи се од традиционалните пристапи со давање наредби и контрола кон повеќе колаборативни и инклузивни методи. Оваа трансформација е поттикната од сѐ поголемо разбирање на придобивките од тоа да се даде овластеност на членовите на тимот и поголема автономост.
Во оваа колумна, ќе ја истражиме еволуцијата на стиловите на лидерство, ќе извлечеме увид од научните истражувања и реномирани книги. Дополнително, ќе ја истакнеме важноста на развојот на лидерството и ќе ја претставиме нашата академија за развој на лидерски вештини како можност за поединците да ги подобрат своите лидерски вештини и да имаат значајно влијание во нивниот професионален живот.
Традиционално давање наредби и контрола: промена на парадигмата
Традиционално, под лидерство се пордазбирало давање наредби и контрола, каде што лидерите носат одлуки, даваат наредби и очекуваа строго придржување кон нивните директиви. Овој стил на лидерство, често поврзан со хиерархиски структури, се фокусира на ефикасност и продуктивност, но го занемарува придонесот и развојот на вработените.
Научните истражувања покажуваат дека овој пристап може да доведе до намален ангажман, намалена мотивација и ограничена иновативност меѓу вработените. Во својата книга „Drive: The Surprising Truth About What Motivates Us“, Даниел Х. Пинк ја нагласува важноста на автономијата, мајсторството и целта како клучни фактори за поттикнување на внатрешната мотивација и постигнување подобри резултати на работното место.
Трансформациско лидерство
Овој пристап нагласува инспирација и овозможување на автономност кај вработените сѐ со цел да го достигнат својот целосен потенцијал. Трансформациските лидери воспоставуваат заедничка визија, обезбедуваат поддршка и поттикнуваат индивидуален раст. Овој стил поттикнува соработка, креативност и иновативност во тимовите.
Во нивната студија објавена во Журналот за применета психологија, Аволио и Бас (1991) откриваат дека трансформациското лидерство позитивно влијае на задоволството, посветеноста и перформансите на вработените. Со активно ангажирање и вклучување на членовите на тимот, трансформациските лидери создаваат средина која поттикнува личен и професионален развој.
Водење преку служење: ставање на другите на прво место
Друг значаен значаен стил на лидерство е „водење преку служење“. Овој пристап, популаризиран од Роберт К. Гринлиф во неговата книга „Servant Leadership: A Journey into the Nature of Legitimate Power and Greatness“, се фокусира на служење на другите пред личниот интерес. Лидерите кои поседуваат ваков стил на лидерство им даваат приоритет на благосостојбата и развојот на членовите на нивниот тим, па така поттикнуваат доверба, соработка и чувство за заедница.
Бројни студии го истакнуваат позитивното влијание на ваквиот стил на лидерство врз ангажираноста на вработените, задоволството од работата и организациските перформанси. На пример, Лиден, Вејн, Жао и Хендерсон (2008) откриваат во нивното истражување дека „водењето преку служење“ придонесува кон зголемена доверба кај вработените, поттикнува граѓанско однесување во организацијата и ја зголемува севкупна ефективност на тимот.
Колаборативно и инклузивно лидерство: Искористување на колективната интелигенција
Со прифаќање на диверзитетот и со препознавање на вредноста на различните перспективи, се појавуват колаборативни и инклузивни стилови на лидерство. Овие пристапи вклучуваат активно барање на придонес од членовите на тимот, вреднување на нивниот придонес и создавање инклузивна средина каде што се слушаат и се почитуваат различните гласови.
Скот Е. Пејџ, во својата книга „The Difference: How the Power of Diversity Creates Better Groups, Firms, Schools, and Societies“, ги нагласува придобивките од различните тимови во процесите на решавање проблеми и одлучување. Колаборативните и инклузивни лидери ја користат колективната интелигенција на нивните тимови и со тоа овозможуваат иновативни решенија и поттикнуваат култура на вклученост и припадност.
Ние ја разбираме важноста од развивање ефективни лидерски вештини во денешниот деловен свет кој постојано се менува. Нашите сеопфатни модули како дел од Академијата за развој на лидерски вештини се дизајнирани да им овозможат на поединците знаење, алатки и техники за успешно да се движат низ комплексноста на лидерството. Со запишување на нашата академија, ќе имате можност да ги подобрите вашите лидерски способности, да учите од експерти и да се поврзете со мрежа на професионалци и со истомисленици.