Лидерство - Водење на самиот себе

Водење на самиот себе

Тоа не е имот, рамка, туку нашата способност да ја направиме вистинската работа за себе. 

Кога зборуваме за лидери кои имаат интегритет, всушност тоа се оние мали нешта кои светат во нив. 

Тоа е поседување на нишка на доследност. 

Доколку промовирате одредена идеологија на живот и дејствување за своите вработени и Вие бидете такви кон себе. На истиот начин, водете се и самите себе. Тоа е интегритет.

Лидерите се висококомпетентни луѓе кои постојано бараат начини да учат, да растат и да бидат подобри од самите себе. Тоа го реализираат, запрашувајќи се зошто

Тие се инспиративци кои ја носат целата организација на повисоко ниво на успешност, но и на влијателност. Тие прават нешто повеќе од изведба на високо ниво. 

Ги инспирираат оние под нив да го прават истото. Ако некои личности се темелат на основните вештини за преживување, овие лидери ги комбинираат истите со висока компетентност за да ја однесат својата организација на повисоко ниво на експертиза и влијателност. 

Менаџирање на себеси, подразбира да се биде пресметлив и самиот себе да се водиш низ искуството на надминување на својот образец на секојдневица и стремење кон персоналниот лимит. 

Исто така, значи примање на фидбек за донесените одлуки, продуктивно работење со другите и максмимално искористено време. 

Квалитетот никогаш не е случајност или грешка, туку е резултат на силна интенција, мака, внесување на себеси со своите вештини. 

Дејствување со високо ниво на експертиза е секогаш избор или дејство на воља. 

Лидерите очекуваат другите да ги следат, дури и повеќе од тоа.

За ваквите лидери никогаш не е доволно добро или доста. 

За да ги водат другите, тие ефективно комуницираат, но и слушаат, ја вреднуваат разноликоста преку препознавање и искористување на истите, ги стимулираат другите да растат и да се развиваат и ја покажуваат посакуваната насока.